Германската сојузна полиција објави во вторникот дека го уапсила мажот осомничен за истекувањето на личните податоци на стотина германскио политичари, јавни личности и новинари во текот на декември.
Мажот е идентификуван како дваесетгодишник од западната сојузна покраина Есен. Според изворите, тој све признал.
Германскиот политички естаблишмен во петокот беше погоден од непријатните информации дека броевите на нивните приватни мобилни телефони, приватни преписки од електронските адреси и фотографии се објавени преку интернет од сметка на Twitter. Меѓу податоците се наоѓаше и адресата од електронската пошта на канцеларката Ангела Меркел, како и бројот на телефаксот кој го користи. Во мрежата од која биле симнати податоците се наоѓаа и многу броеви од мобилните телефони на министрите.
Огромното количество податоци кои хакерите ги објавија на интернет се однесуваат на приватната коресподенција на стотици политичари на сите нивоа, но и на некои популарни јавни политичари и новинари. Опсегот на политичката штета засега не е познат.
Сојузното биро за информатичка безбедност (BIS) потврди дека до 4-ти јануари бил запознаен само со еден случај на истекување на податоци, но оти до овој датум не биле свесни за обемот и не ги информирале другите тела за проблемот. Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, подоцна во вторникот, би требало да одржи прес-конференција посветена на овој проблем.