Уапсен маж од Булачани – имал лабораторија за производство на марихуана

Полицијата вчера уапси маж (А. М. 27) од скопско Булачани, во чиј дом се пронајдени 69 садници високо квалитетна марихуана.

Според полициски информации, тој е уапсен во близина на последната автобуска постојка во Хиподром.

„При претресот кај лицето пронајдена е една кеса во која имало две полиетиленски кеси со марихуана и  една дигитална вага. По обезбедена судска наредба, извршен е претрес во домот во с.Булачани  каде што е пронајдена лабораторија  за производство на марихуана, во која се пронајдени 69 садници високо квалитетна марихуана – (сканк), како и техничка опрема составена од греачи, грејни сијалици, пумпа за вода, филтер и систем за вентилација, три поголеми најлонски кеси со марихуана спремна за продажба, четири пластични шишиња со кафеава течност –масло произведено од марихуаната. А.М. е лишен од слобода во полициска станица  за понатамошни мерки, а за настанот е известен дежурен Јавен обвинител“, стои во соопштението на МВР.