Полицијата во Дрезден соопшти во саботата дека е уапсен маж кој во центарот на источниот германски град отворил оган и земал, заложници, пренесуваат германските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Заложничката криза е завршена, осомничениот е ранет и приведен, пренесува весникот Focus цитирајќи ја полицијата.
Како што пренесе радиото Deutschlandfunk, повикувајќи се на полицијата, пред да отвори оган во центарот на градот, 40-годишниот осомничен маж, најверојатно, претходно ја убил својата 62-годишна мајка.
Претходно медиумите објавија дека полицијата го опколила центарот на Дрезден откако маж, наводно, отворил оган. Според првичните сознанија, напаѓачот истовремено застрелал жена. Исто така, беше објавено дека тој се обидел да изврши напад во објектот во кој е сместена локалната радиостаница Radio Dresden, а потоа избегал.
Според соопштението на полицијата на сојузната германска покраина Саксоника, полициските службеници спровеле операција во центарот на Дрезден, која е поврзана со „сомнение за земање заложници“. Поради тоа, околните области и трговскиот центар „Altmarktgalerie“ беа евакуирани.
Напаѓачот побегнал кога пристигнала полицијата. Самата радио станица Radio Dresden претходно информираше за приведување на вооружен маж, но подоцна појасни дека во тој момент тој не бил фатен.