Уапсен маж во САД, планирал терористички напад на Њујоршката берза

Харун Абдул-Малик Џенер, 30-годишен маж од Корал Спрингс, Флорида, е уапсен и обвинет за планирање напад на Њујоршката берза.

Според ФБИ, Џенер сакала да постави бомба на Њујоршката берза оваа недела и да ја активира со помош на далечински уред во обид да ја „рестартира“ американската влада, објави АП.

ФБИ започна истрага во февруари откако доби информација дека Џенер чува „шеми за правење бомби“ во својот магацин.