Уапсен мажот кој се закануваше со бомба пред Капитол

UNITED STATES - AUGUST 19: A DC Metropolitan Police Department armored vehicle arrives on the East Plaza of the U.S. Capitol responding to an active bomb threat unfolds near the Library of Congress on Thursday, Aug. 19, 2021. Photo by Bill Clark/CQ Roll Call)

Полицијата во четвртокот пои петчасовната операција, евакуацијата на околните згради и блокадата на центарот на американската престолнина Вашингтон го упаси мажот кој тврдеше дека во својот камионет паркиран покрај Капитол има бомба.

„Излезе и го уловивме. Имаме еден притворен. Осомничениот 49-годишниот Флојд Реј Розбери безбедно е приведен.“, објави полицијата.

Безбедносните сили сѐ уште не го знаат мотиво на мажот за овој чин. Полицијата сѐ уште детални го пребарува неговото возило.

Весникот The New York Times, повикувајќи се на безбедносни извори, објави дека мажот се предал без отпор. Осомничениот, додека била во возилото паркирано пред Конгресната библиотека ја критикувал администрацијата на претседателот Џо Бајден, додава веснико.

Портпаролот на Facebook потврди дека социјалната мрежа избришала објава на профил кој веројатно му припаѓал на осомничениот. Таму бил емитуван настанот.

Претходно началникот на полицијата на Капитол, Том Менџер, изјави дека мажот кој со црн камионет се качил на тротоарот пред Конгресната библиотека и рекол дека во возилото има бомба, веројатно боледува од шизофренија, пренесе Reuters.

Американсклиот Конгрес оваа седмица не заседаваше поради летната пауза, но вработените и асистентите во паралментот доаѓаат во зградите околу Конгресот.

Зградите на библиотеката и на Конгресот се евакуирани, а сите кои се нашле во другите објекти добиле упатство да стојат подалеки од прозорците и вратите, известуваат новинарите од местото на настанот.

Зградата на Републиканската партија, којашто е неколку стотина метри подалеку, исто така, е евакуирана, објави репортерот на The Washington Post повикувајќи се на неименуван извор.

Подраќјето околу Капитол е под строги безбедносни мерки по безредијата од 6-ти јануари, кога во Конгресот упаднаа маса приврзаници на претходниот американски претседател Доналд Трамп.

Подоцна на 2-ви април еден полицаец загина е друг беше тешко повредени кога момче во автомобил се залета во оградата на влезот, по што беше застрелано од полицијата.