![napad so noz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/napad-so-noz.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Уапсен напаѓачот кој со нож повреди 4 луѓе во близина на поранешното седиште на “Шарли Ебдо”
Четири лица се ранети во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо” во Париз а едно лице е уапсено, соопшти француската полиција.
Според официјалните информации, иако полицијата првично мислела дека нападот го извеле двајца напаѓачи, сега веруваат дека едно лице е одговорно, кој бил приведен во близина на плоштадот Бастилја, во источен Париз.
Мотивот за нападот засега не е јасен, ниту пак дали е поврзан со работата на “Шарли Ебдо”, чие седиште сега е на тајна локација, по исламистичкиот напад од 2015-тата година, во кој беа убиени 12 луѓе.
Во друг дел од главниот град на Франција, деновиве во тек е и судски процес против 14 лица, осомничени за учество во подготовката на крвопролевањето кое ја шокираше Франција и целиот демократски свет.