Уапсен напаѓачот од њујоршкото метро

Њујоршките власти го уапсиле напаѓачот кој активираше чадни бомби и застрела десет патници во преполн вагон од подземната железница во Њујорк, изјави во средата градоначланикот Ерик Адамс, со што е завршена потерата кој го обнови стравот од насилства во градскиот систем на јавниот сообраќај.

Полицијата, сојузните и државните безбедносни агенции покренаа масовна потера по Френк Џејмс, осомничен за нападот во вторникот утрото.

Нападот беше изведен во време на утринскиот сообраќаен метеж, кога њујорчани одат на работа, во подземната станица во бруклинскиот кварт Сансет Парк. Покрај десетте лица повредени во пукањето, уште 13 се повредени во паничното бегство од станицата.

„Мои њујорчани, го имаме. Го имаме. Ќе ги заштитиме граѓаните на овој град и ќе ги фатиме оние коишто веруваат дека можат да внесат терор во скојдневниот живот на њујорчаните“, изјави градоначалникот Адамс.

На 62-годишниот Џејмс му се заканува обвинение за терористички напад врз систем на јавниот сообраќај. Пукал од полуавтоматски пиштол кој подоцна е принајден на местото на нападот, со уште три проширени магацини со муниција, секира, приротехника за поширока употреба и резервоар со бензин, соопшти полицијата.

Овој напад е последниот во низата насилни дејствија во американскиот подземен транспортен систем и претставува голем предизвик за њујоршкиот градоначалник Ерик Адамс кој во кампањата вети борба против криминалот и запирање на падот на бројот на патниците со подземната и воопшто железницата.