Уапсен охриѓанец, при претрес во неговиот дом пронајдена дрога

На 01.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.П.(34) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.