Уапсен охриѓанец кој имал богата залиха на наркотици

Педесет и деветгодишниот охриѓанец К.М. доби кривична пријава бидејќи неовластено произведувал и продавал наркотици.

При претрес во неговиот дом полицијата пронашла 527 таблети екстази, околу 15 грама кокаин, 630 грама смеса додаток за мешање со кокаин, околу 400 грама марихуана, потоа 1.450 евра во различни апоени, фалсификувана возачка дозвола, дигитална вага и мелница за кафе со траги од кокаин како и други предмети. Од вкупниот број таблети, 216 парчиња, според направеното вештачење се т.н. метиолендиокси-метамфетамин кој е на листа на забранети дроги и психотропни супстанци, а биле пронајдени сокриени во кујната. Останатиот дел од таблети во елипсовидна форма со втиснато лого „Плејбој“, забележани се во останатите простории од семејната куќа. Кокаинот е пронајден во отвор за чистење на оџак.

Пријавениот К.М. е лице познат на службата и против него, по неколку основи и досега биле поднесувани кривични пријави.