Напаѓачот од автобускиот терминал Пот Оторити во близината на Тајмс Сквер е идентификуван како Акајед Улка(х), откри началникот на њујоршката полиција, додавајќи дека напаѓачот има изгореници и исеченици, додека тројца лица, меѓу кои и полицаец, се полесно повредени, а инцидентот на квалификуван како терористички напад, изјави градоначалникот Бил де Блазио преку својот акаунт на Twiter.
„Ќе кажам директно – тоа беше обид за терористички напад. Слава му на Бога, сторителот не можел да ги спроведе своите планови во целост“, напиша њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио. Појаснува дека потешко повредени во моментов нема. Градоначалникот, исто така, ги повика њујорчани да бидат внимателни и да ги известат органите за зачувување на редот за какви и да се сомнителни околности.
„Не плашете се да зборувате отворени, бидејќи тоа може да спаси нечиј живот“, инсистира де Блазио.
Претходно попладнето во понеделникот на крстосувањето меѓу 42-та улица и 8-та авенија во источниот дел на Мехнетен се случи експлозија. Според полицијата, бомбата во објектот на њујоршкиот транспортен центар се обидел да ја внесе 27-годишниот доселеник од Бангладеш, Акајед Ула(х), кој можно е да е поврзан со терористичката исламистичка групација Исламска држава.
Началникот на њујоршката полиција, Џејмс О’Нил на прес-конференција го карактеризираше инцидентот како „поврзан со тероризмот“. Медиумите пренесуваат, цитирајќи извори од правосудните органи, дека осомничениот своите мотиви ги објаснил со желба за одмазда на САД.
Радиостаницата WABC пренесува дека осомничениот бил веќе седум години државјанин на САД, како и дека адресата на којашто бил пријавен е во Бруклин. Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо на прес-конференција истакна дека импровизираната бомба била направена аматерски.
„Живото на нас њујорчаните се врти околу подземните железници, па кога ќе слушнеме за напад во нив, тоа е неверојатно вознемирувачки“, изјави за медиумите градоначалникот де Блазио.
Инцидентот е регистриран од безбедносните камери, а видеоснимката е објавен ана станицата на NYPost.com, на којашто се забележува чад и маж кој лежи во тунелот кој ги спојува станицата на подземната железница на Тајмс Сквер со станицата за автобуси.
„На скалилата се случи стампедо на оние кои сакаа да излезат. Сите беа уплашени и врескајќи трчаа“, вели за локалната телевизија Диего Фернабдез, еден од оние кои се нашле на местото на терористичкиот чин.
Алисија Влодковски, жителка на сојузната држава Пенсилванија којашто во понеделникот била во Њујорк, следела во блискиот ресторан во времето на експлозијата. „Одненадеж видов група од околу шест лица како трчаат избезумено. Една жена падна, а никој не застана да ѝ помогне, бидејќи паниката беше толку страшна“, вели.
Автобуската станица е затворена привремено, како и голем дел од долен Менхетен. Подземните возови ја заобиколуваат станицата на Тајмс Сквер, која е најфреквентната во Њујорк.
Овој инцидент се случи помалку од два месеца откако имигрант од Узбекистан, уби осум лица залетувајќи се со камионет низ њујоршката велосипедската патека во нападот за кој одговорноста ја презема џихадистичката Исламска држава.
https://www.youtube.com/watch?v=AmgZ7FdkhCk