Уапсен осомничен за убиството на наставничката во Лондон

Британската полиција објави дека уапсила маж осомничен за убиство на наставничката чие тело беше пронајдено минатата недела во парк во Лондон.

Сабина Неса (28) вечерта на 17 септември го напуштила својот дом во јужен Лондон, со цел да пешачи низ локалниот парк до барот каде требала да се сретне со нејзината пријателка, пишува Ројтерс.

Таа не се појавила во барот, а нејзиното тело било пронајдено во паркот следното попладне, се вели во полициското соопштение.

Нејзиното убиство се случи шест месеци откако една жена била киднапирана, силувана и убиена од полицаец во јужен Лондон.