Уапсен претседателот на Перуанската фудбалска федерација

Претседателот на перуанската фудбалска федерација вчеравечер беше уапсен.

Јавното обвинителство на земјата објави дека на Едвин Овиедо му е изречен 15-дневен притвор, додека тече истрагата за неговото учество во вршење криминал. Овиедо е осомничен дека извршил незаконски исплати кон перуански фудбалски судии, кои патувале на сметка на федерацијата на Светското првенство во Русија.

Овиедо е приведен синоќа во својот дом, а полицијата изутринава изврши во канцелариите на фудбалската федерација на земјата, за да започне претрес. Засега Овиедо ги отфрла сите обвиненија и неговите адвокати најавија жалба за притворот

Инаку Перу, по 36 години пауза, успеа да обезбеди пласман на Светско првенство.