Уапсен прилепчанец, крадец на автомобили

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”.

Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило.

По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, “одземање на патничко моторно возило”.