Припадник на екстремистичката левица бил уапсен во неделата на локацијата на француската државна железничка мрежа SNCF во градот Уасел, на северозапад од земјата, соопштија во понеделник полициски извори.
Во петокот вечерта саботери ја нападнале француската мрежа за брзи возови и ги оштетија сигналните трафостаници и каблите на клучните локации, предизвикувајќи сообраќаен хаос неколку часа пред почетокот на церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз.
Уапсениот во возилото имал „клучеви за пристап до техничките простории на SNCF, клешти за сечење, универзален клуч“ и пропаганден материјал поврзан со ултралевицата, додава истиот извор.
Мажот е приведен во градот Руан.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманеn изјави за телевизијата France 2 дека полицијата „идентификувала профили на неколку луѓе кои би можеле да стојат зад саботажата на државните железници, особено брзите возови (TGV). Истакна дека ова е „многу прецизна, многу добро организирана и насочена саботажа која ги носи белезите на екстремните леви екстремисти“.
„Прашање е само дали биле изманипулирани или тоа го направиле за своја сметка, додаде министерот.
Вкупно 800.000 луѓе се соочија со проблеми со патувањето како резултат на нападите, вклучително и 100.000 луѓе чии возови мораа да бидат откажани, а трошоците за државниот железнички оператор SNCF може да бидат огромни.