![mijalkov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/mijalkov.jpg?resize=660%2C417&ssl=1)
Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, вечерва околу 20 часот е уапсен, пред хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, неофицијално дознава „Нетпрес“.
Поради опасност од бегство на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, вечерва му е одреден притвор во траење од 30 дена.
Засега немаме официјална потврда од МВР, повеќе детали очекуваме наскоро.
СЈО води неколку случаи за Мијалков, а тој е и осомничено лице во „Империја” – последната истрага на ова обвинителство, за која е притворен бизнисменот Орце Камчев.