Уапсен шефот на наркокартелот во Тихуана додека ја прославувал победата на Мексико над Хрватска

Шефот на наркокартелот Тихуана, Фернандо Санчез Арелјано, познат како „Инженер“ е уапсен вчера додека ја славел победата на Мексико над Хрватска на Светското фусбалско првенство.

Арелјано (37), е еден од најбараните наркотрговци, а Мексико и САД за негово апсење нуделе прво 2,3, а потоа и 5 милиони долари.

Тој е уапсен во една куќа во резиденцијалниот квар во Тихуана, град кој се граничи со САД во близина на Сан Диего, еден час по натпреварот.

Картелот Тихуана е основан од страна на десетте браќа Арелјано Феликс, настанал на почетокот на 1990 година кога се одделил од картелот Гвадалахара.