Уапсен струшки дилер на наркотици

Жител на струшкото село Делогожда е упсен во средата ноќта во центарот на Струга, откако при случајна полициска проверка, се обидел да се ослободи од марихуана којашто ја поседувал.

Инцидентот се случил околу 00,45 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, кога полициски службеници запреле автомобил „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот Е.О. од Делгожда, во кој совозач бил 29-годишнииот М.Д.од од истото селол. При легитимирање М.Д. фрлил едно полиетиленско кесе со марихуана.

Врекичката била земена и предадена на вештачење, а М.Д. бил лишен од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.