Уапсен тетовец осомничен за силување малолетник

Полициските службеници од СВР Тетово вчера во 11:10 часот во Клиничката болница Тетово го привеле 34-годишниот Р.Х. од Тетово, кој е осомничен за обљуба на малолетник, соопшти полицијата.

Според информациите, случајот бил пријавен во ноември 2024 година, по што надлежните органи спровеле истрага. За инцидентот биле известени и Јавниот обвинител, како и претставници од Центарот за социјални работи во Тетово.

„Р.Х. е задржан во полициската станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти СВР Тетово.