Третиот осомничен за нападите во Брисел, Наџим Лашруи е уапсен во Брисел, јавува Ројтерс повикувајќи се на белгискиот весник ДХ.
Лашруи е третиот осомничен за кого полицијата верува дека побегнал од аеродромот Завентем. Според пишувањата на медиумите, Лашруи бил уапсен во Андерлехт, во Брисел.
Се верува дека Лашруи е експерт за бомби на терористите од Исламска Држава и дека тој учествувал и во нападите во Париз од ноември минатата година.