Уапсен убиец, сопругата на жртвата била соучесник

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против две лица од село Горно Оризари поради сомнение дека извршиле „убиство“ и „помагање“ во извршување кривично дело убиство.

Во текот на вчерашниот ден по претходно обезбедена наредба од надлежен суд, извршен е претрес во дом на три лица во село Горно Оризари и уапсени се повеќе лица меѓу кои и сега пријавените.

При тоа, констатирано е дека на ден 24.03.2014 година во вечерните часови, првопријавениот во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на излез од градот кај местото викано „Штипско Џаде“ во непосредна близина на разрушена куќа, со пиштол калибар 7.65мм со еден истрел во пределот на главата го застрелал Бајрам И.(33) од село Горно Оризари, по што го напуштил лице местото.

Второпријавената која е сопруга на првопријавениот, знаела за извршеното убиство но му помагала да не биде откриен.