Првоосомничениот за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е уапсен.
Дел од медиумите објавија дека Палчо е уапсен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. Министерството за внатрешни работи закажа прес-конференција вечерва во 22,30 часот.
Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе претходно во вторникот вечерта предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил „Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“.
И двете регистрации се со возило марка „Ланд Ровер“, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршиле информативен разговор, информираат од Обвинителството.
Во конкретниот случај, се појснува натаму во објавата на скопското Обвинителство, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото.
Според она што го објавија јавниот обвинител и министерот за внатрешни работи, Љупчо Палевски е осомничен дека го извршил убиството на Вања Ѓорчевска на 27. ноември, а според досега познатите информации избегал од Македонија три дена подоцна, на 30. ноември. Оттаму, се поставува прашањето каде се движел и што правел тие три дена во Скопје.
Палевски, кој е првосомничен како организатор и сторител, е во бегство.
На прашањето дали имаат информација преку кој граничен премин е избегано едно од осомничените лица, министерот Спасовски рече дека МВР има таква информација, дека е избеган заедно со неговиот адвокат. Избегани се во Белград, а потоа во Бугарија.
Мнистерството за внатрешни работи објави дека е распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска.
Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, стои во објавата на МВР.
Не е јасно дали барањето за притвор се однесува на адвокатот Васко Стојков кој претходно во понеделникот во телефонски разговор за телевизија „Телма“ објасни зошто бил со Палевски кога тој избегал од државата. Како што рече, тој го однел Палевески во Белград на преглед затоа што вториот наводно немал возило, а самиот тој не знаел дека е одговорен за убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жеровски.
„Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако е сѐ во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред, рече, ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата праваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав“, рече адвокатот Стојков.
Откако разбрал за што е осомничен Палевски, адвокатот Стојков му пратил порака да се врати и да даде исказ, затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие, рече дека сѐ кажал во полиција, но од тогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи биле и пријатели.
Стојков објасни дека имал добра намера да му помогне и по сѐ се чувствува злоупотребено.
„Јас сум адвокат и ако сум знаел било што сигурно немаше да го носам, изјави Стојков во телефонскиот разговор за Телма.