
Уапсен уште еден Србин на Ксоово, овојпат во Грачаница. Косовоската полиција соопшти дека тој е уапсен под обвинение за воени злосторства, а во знак на револт жителите на Грачаница го блокираа главниот пат Приштина-Гњилане.
При блокадата едно возило насилно се пробило низ масата луѓе, а во таа прилика едно лице било повредено јавуваат српските медиуми.
Српските власти обвинија дека Курти продолжува со бруталната демонстрација на сила и неправда кон косовоските Срби.