Уапсен уште еден осомничен за нападот со камион во Стокхолм

(© EPA/Fredrik Sandberg)

Во врска со нападот со камиот во главниот град Стокхолм претходно во април, шведската полиција во понеделникот објави дека е уапсен уште еден осомничен за инцидентот кој беше карактеризиран како терористички чин.

По налог на државното обвинителство, апсењето на новиот осомничен го извршиле припанци на безбедносните сили по обработка на голем број материјали собрани во текот на досегашанта истрага, се наведува во соопштението на полицијата во кое не се именува приведениот.

Новиот осомничен бил приведен во неделата, а мерката за превентивен притвор ќе биде донесена до 26 април додава полицијата. Не се соопштени повеќе информации за идентитетот на задржаното лице и за карактерот на неговата вмешаност во нападот.

На 7 април украден камион за доставување стоки на компанијата „Spendrups“ се залета во минувачите по трговската улица во центарот на шведската престолнина и заврши во стоковна куќа, откако мина 550 метри.

Во нападот загинаа четири лица а 15 беа повредени. Во врска со терористичкиот чин е уапсен 39-годишниот возач Рахмат Акилов, барател на азил од Узбекистан. Обвинението против него треба да биде поднесено до 11 мај.