![_uploads_thumbs_resize_800x420_619012](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/uploads_thumbs_resize_800x420_619012.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, објави „Скопје1“. Тој во моментот се наоѓа во полициската станица „Беко“.
Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства.
„Скопје1“ пред полициската станица го сними возилото на Ахмети џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.
Според информациите на порталот, Ахмети бил запрен од полициската екипа „Тигри“. Тие побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства.
Од МВР го потврдија случајот.
„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.
Инаку, Дрин Ахмети од неодамна и косопственик на трговскиот центар „Соравија“.