Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од с.Т’лминци, кривопаланечко.
-Тој се сомничи дека на 03.03.2024 во 13.30 часот во близина на Транспортен центар во Скопје со остар предмет го нападнал А.П.(24) од Скопје и му нанел повреди, констатирани Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.