На 09.06.2024 во 19.50 часот на локален пат за с.Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода В.Т.(56) од с.Ростуше.
-Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во с.Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.