Американските федерални власти уапсиле две жени под обвинение во врска со насилните безредија во вашингтонски Капитол Хил на 6-ти јануари, од кои едната тогаш изјавила дека сака да ја застрела претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелонси во текот на протестот, пишува The Washington Post.
Американското Федерално биро за истраги (FBI) на 12-ти јануари добило видео, на кои се снимени Дон Банкрофт и Дијана Сантос-Смит ја напушаат зградата на Конгресот. Откако истражните органи ја добиле оваа информација од FBI, успеале да ги идентификуваат и подоцна да ги приведат жените.
„Проваливме во Капитол… Влеговме внатре, ја завршивме нашата работа… Ја баравме Ненси (Пелоси), за да ѝ пукаме во е…ната глава, но не ја најдовме“, рекла наводно Банкрофт во видето, коешто според FBI, го испратила на своите деца.
Жените, коишто според FBI првично дале лажни искази пред властие за нивното учество во упадот во Капитол, се соочуваат до три федерални обвиненија, вклучително со обвинение за смислен упад во зграда со ограничен пристап без законоско овластување и попречување на владини актиовности преку хулиганство или нарушување на јавниот ред во зградата.
На 6-ти јануари прврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп кои се убедени дека претседателските избиро на 3-ти ноември се украдени во полза на неговиот противкандидат Џо Бајден, упатнаа во зданието на Каипитол по огромниот митинг во Вашингтон, а на неколку часа беше прекината седницата на Конгресот на која требаше да бидат потврдени гласовите од ткн „електорски колегиум“ кој ја прогласи победата на сегашниот претседател. Во безредијата без преседан во историјата на САД, загинаа демонстрантка и полицаец, и уште три лица од причини кои не се поврзани со насилството. Во моментов Демократската партија поведе постапка за импичмент за Трамп, обвинувајќи го дека наводно го поттикнал тој бунт на неговите приврзаници.