Полицијата уапси седумина кичевци, меѓу кои двајца малолетници, осомничени за 21 тешка кражба во Кичево, информираше МВР. Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Р.(26), Е.А.(20), Н.Д.(32), Е.Н.(19), А.С.(28) како и против двете малолетни лица за тешка кражба.
Според полицијата, осомничените првата кражба ја извршиле кон крајот на септември лани, а останатите 20 од јануари до април годинава. Тие користеле подесен алат и прибор за разбивање на влезни врати и прозори како и физичка сила.
На тој начин, крадците влегле во фризерски салон, спортска сала, пекара, повеќе бутици, продавница за авто делови, берберници, повеќе сендвичари, како и во неколку куќи во Кичево, и во продавници во селото Другово.
Притоа, одземале пари, златен накит, техничка стока, колонијални и прехрамбени производи. Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 176.000 денари