
На дваесет и четиригодишната И.В. од Скопје и е изречена мерка притвор во трање од 30 денови поради неовластено производство и трговија со наркотични дроги.
Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека И.В., која во 2012 година била условно осудена за недозволена трговија со марихуана, набавува и продава синтетички дроги на подрачјето на градот, превзеде соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Притоа е дојдено до оперативен податок дека пријавената во текот на минатиот месец, од засега непознато лице набавила поголема количина на синтетички дроги, кои ги препакувала за улична продажба и на однапред договорени места, како и на техно забави низ градот ги продавала на зависници.
Кон крајот од минатата недела Единицата за недозволена трговија со дрога, превзела оперативни мерки и активности на Градската плажа каде се одржуваше техно забава. Ивршен бил претрес на пријавената, при што биле пронајдени 118 ексатази со лого „супермен“ и ,,мерцедес“, три паковки (1,8 грама) амфетамин и девет картонски парченца 25I-NBOMe – синтетичка дрога, која кај зависниците позната како „трип“ – дрога која е со изразено халуцигено дејство и се наоѓа на листата 1 на контролирани психотропни суптанци.
И.В. е уапсена, а запленетата синтетичка дрога е предадена на вештачење.