![Mirnesa policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/Mirnesa-policija.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
На аеродромот во Штутгарт е уапсена Мирнеса С., осомничена за грабеж на повеќе од еден милион евра во Германија. Германскиот Билд пишува дека обрачот секој ден се стеснувал и на крајот резултирал со апсење на 42-годишна државјанка на БиХ, чие целосно име е Мирнеса Бешлиќ од Бусовача.
Според првите информации, таа е уапсена денеска на аеродромот и изгледала значително поинаку од фотографиите кои ги објавила на социјалните мрежи.
Таа во октомври украла еден милион евра додека работела во компанија која меѓу другото вршела и транспорт на пари во Штутгарт. Парите ги ставила во црна торба и исчезнала.
Полицијата понудила награда од 37.500 евра за информација каде се наоѓа жената која украла огромна сума пари. Засега не се знае како полицијата ја лоцирала Мирнеса и дали им помогнал некој од граѓаните или блиските луѓе на ограбувачката.