Уапсена група која лажирала финансиски извештаи за „Дајнерс“

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград вчера ги уапсиле Обрад Сикимиќ (57), реномирани бизнисмени и Енес Зимјовица (60), поранешни одговорни лица на претпријатието „Diners Club International Belgrade“ д.о.о. Белград, и Небојша Станивуковиќ (44) и Иван Петковиќ (39), поранешни одговорни лица од секторот за општи и правни работи и секторот за финансии од истото трговско друштво, поради злоупотреба на позицијата и правење штета над 20 милиони евра.

Исто така, уапсена е и Јасминка Илиќ (64) поранешна одговорна личност во секторот за финансии на компанијата „Diners Club International Belgrade“, поради постоење основа за сомнение за злоупотребува на позицијата и за помагање.

Сикимиќ, одговорно лице на стопанската компанија “СКБ Капитал С.А.” од Луксембург, кој истовремено бил и одговорниот лице на компанијата “Diners Club International Belgrade”, организирал изготвување на лажни финансиски извештаи, со цел прикажување позитивни финанскиски резултати на „Diners Club International Belgrade“.

На тој начин, во процес на преговори со овластени претставници на „Erste Card Club” д.о.о. Загреб, доставиле ложно изготвени финансиски извештаи на претпријатието од Загреб, кое врз основа на нив извршило неправилна проценка на вредноста на капиталот и донело одлука за купување акции „Diners Club International Belgrade“.

На овој начин на „Erste Card Club” д.о.о. Загреб му е направена е штета од 20.361.197 евра, додека Сикимиќ се сомничи дека за себе прибавил имотна корист во износ од 4.545.104 евра.