Во акција на Националното истражно биро на Унгарија, српското Обвинителство за организиран криминал и Управата за криминалистичка полиција, денеска се уапсени 10 луѓе поради сомневање за трговија со луѓе, соопшти МВР на Србија, пренесува МИА.
Уапсените се осомничени дека од јануари 2014 година до денес, како организирана криминална група извршиле кривично дело трговија со луѓе.
Агенцијата Танјуг претходно јави дека во тек е заедничка акција на унгарската и српската полиција за приведување членови на организирана криминална група осомничена за трговија со луѓе.