Шпанија: Уапсени 10 лица за регрутација на борци за Исламска држава (фото)

Војници од ИСИС силуваат девојки за да ги муслиманизираат

Во заедничка акција на шпанската и мароканската полиција се уапсени 10 лица, кои се осомничени за регрутација на борци за џихадистичката група Исламска држава (ИД) на територијата на Шпанија.

Осомничените се уапсени во шпанските градови Толедо и Бадалона, понатаму во Валенсија и во Мароко во Казабланка, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи пренесе Ројтерс.

Шпанија: Уапсени 10 лица за регрутација на борци за Исламска држава
Шпанија: Уапсени 10 лица за регрутација на борци за Исламска држава

Уапсените се дел од мрежа што регрутирала, индоктринирала и испраќала странски борци да им се придружат на радикалните терористички организации, се додава во соопштението.

Во акцијата се уапсени двајца мажи и две жени во Шпанија, а останатите шестмина се лишени од слобода во Мароко.

Шпанија: Уапсени 10 лица за регрутација на борци за Исламска држава
Шпанија: Уапсени 10 лица за регрутација на борци за Исламска држава

Двете жени уапсени во Шпанија се Мароканки, едниот маж е шпански државјанин со мароканско потекло, а вториот е Португалец, кој преминал во ислам.

Сите упсени се товарат за регрутирање на борци на ИД за боиштата во Сирија и Ирак.