Ширум Европа уапсени се 102 лица поради сомнение дека предизвикале опасност по граѓаните и влијаеле на ширење на инфекцијата со коронавирусот преку неправилно и незаконско управување со отпад.
Покрај ова, запленетае имот во вредност повисока од 800.000 евра и изречени им се прекршочни казни за повеќе од 19 претпријатија и поединци.
Инспекторите направиле речиси 280.000 проверки на уреди за санитарен отпад и транспорт, кои биле пресудни во запирањето на илегалната трговија, складирањето и одложувањето на отпадот и измама со документи.
Истрагите се направени во рамките на зедничката акција „Ретровирус“ која ја спровел Европол во 30 држави на ЕУ и во три во Западен Балкан , Албанија, Босна и Херцеговина и во Македонија.
Само во едно претпријатие кое работело ширум Шпанија и во Португалија уапсени се 20 лица поради злосторство против животната околина, работнички права и јавно здравје.
Полицијата ги смета за одговорни бидејќи претпријатието за кое работеле недоволно го стерилизирал санитарниот отпад.
– За да го зголемат профитот, го намалиле времето на стерилизација и со тоа го загрозиле јавното здравје – велат во Европол.
Најголемата акција спроведена е во Португалија , каде се извршени инспекции во повеќе од 2.000 компании, болници и здравствени центри, уапсени се 30 лица, изречени се бројни казни и запленет е имот од речиси 790.000 евра.
Ширум ЕУ спроведени се и проверки на транспортот на санитарен отпад, а илегални пратки пронајдени се во карго пратки во Грција, Полска, Ромунија и во Словачка, кои потао се вратени во земјите од кои се испратени.
Во Европол наведуваат дека од почетокот на пандемијата, се почесто има незаконски третман и одложување на санитарниот отпад, поради што е покрената операцијата „Ретровирус“.