Уапсени 11 саудиски принцови под обвинение за корупција

Формираниот во саботата со кралскиот декрет Комитет за борба со корупцијата предводен од наследникот на престолот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, нареди приведување на 11 принцови од кралското семејство, поранешни и четворица сегашни министри во владата на монархијата, пренесува телевизијата Al Arabiya.

Саудискиот информативен портал Agil, од своја страна пренесува, дека еден припадник на владејачкото семејство бил уапсен под обвинение за потпишување нелегални договори за продажба на оружје, друг принц за склучување непостоечки зделки, а уште еден принц под обвинение за перење пари.

Претходно во саботата саудискиот монарх Салман бин Абдел Азиз Ал Сауди издаде декрет за формирање на Високиот комитет за борба против корупцијата, предводен од престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Комитетот веднаш објави дека го отвора досието за поплавите во Џеда во 2009 година и истрагата за епидемијата од коронарниот вирус познат и како вирус на Блискоисточниот респираторен синдром (MERS).

Истовремено Саудиска Арабија смени неколку високо позиционирани министри, вклучително и челниците на ресорите за економија и планирање, како и на Националната гарда на монархијата. Меѓу разрешените во саботата се министерот за економија Адел Факех, кој е замените со неговиот заменик Мухамед ал-Туваири и шефот на Националната гарда, принцот Метеб бин Абдула, на чиешто место доаѓа Калед бин Ајаф.

Овие смени дојдоа само неколку месеци откако саудискиот крал Салман бин Абдулазис Ал Сауди го замени својот внук Мохамед бин Најег со својот си Мохамед бин Салман како наследен принц на круната.

Премените во министерскиот кабинет се совпаѓаат со „планот за забрзана промена“, којашто започна со именувањето на Мохамед бин Салман како наследник на саудискиот престол, вели за Reuters економскиот аналитичар Јан Блек.

„Почнувајќи од јуни годинава видовме многу далекусежни промени… Тоа се случи откако Мохамед бин Салман, синот на кралот Саламан, беше назначен за наследник на круната. Откако тој стана принц видовме голем пресврт. Беше објавен многу амбициозниот саудиски план за трансформација на земјата и саудиската економија наречен ‘Визија 2030“, вели Блек.