Членовите на Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапсија 15 лица осомничени за подготовка на терористички напади за време на свечени настани во главниот град на земјата Душанбе и блискиот Вахдат, објавија денеска локалните медиуми.
Во извештаите се наведува дека не е познато дали 15-те приведени се во врска со осомничените за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва.
„Истрагата ќе покаже дали приведените биле поврзани со осомничените за нападот во салата „Крокус“. Се уште не е познато дали сите биле дел од иста ќелија и дејствувале заедно или секој од нив одделно планирал да изврши терористички напад во Русија и Таџикистан“, изјави неименуван извор од таџикистанските безбедносни служби.