Уапсени 17 џихадисти во Европа

Во Европа се уапсени 17 џихадисти. Италијанската полиција денеска соопшти дека уапсила 17 лица во различни европски земји, во заедничка акција на полицијата против осомничените членови на терористичката група.

Во соопштението не се наведени деталите на операцијата со шифра „ЈВЕБ“, со напомена дека ќе бидат објавени подоцна на конференцијата за печат, на која ќе биде кажано како се уапсени осомничените за меѓународен тероризам.

Портпаролот одби да соопшти колку осомничени се уапсени во Италија, само напомена дека меѓу нив немало Италијанци.

Имено, локалните медиуми соопштуваат дека италијанската полиција навела дека се уапсени 17 ирски Курди, за кои е издадена потерница.

Генералот на карабињерите Џузепе Џовернале изјави дека во операцијата учестувале истражители од Велика Британија, Норвешка, Финска, Германија и Швајцарија.

Италијанската полиција соопшти дека нападот е извршен на мрежно поврзани џихадисти кои наводно планирале да го извадат својот лидер од затворот во Норвешка и наведува дека шестмина се уапсени во Италија, четворица во  Велика Британија и тројца во Норвешка.

Неколкумина од нив патувале во Сирија за да се борат на страна на џихадистите.