Уапсени 40 илегалци во Грција

Грчката крајбрежна стража уапсила 40 илегални имигранти на остров во источниот дел на Егејското море, соопштуваат од Министерството за трговска флота.

Имигрантите од Турција кон Грција патувале со гуман чамец, а од крајбрежната стража биле пресретнати во близина на островот Лезбос, откако еден од нив побарал помош преку мобилен телефон.

Од Министерството не ја соопштуваат  националноста на имигрантите, но истакнуваат дека тие се во добра состојба.