Уапсени 9 наркодилери

Вчера во 23.45 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле К.В.(22) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Исто така вчера во 14.30 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Горно Нерези, Скопско, ги лишиле од слобода И.Т.(22) и Д.Р.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед во возилото во кое се наоѓале била пронајдена марихуана, а во 21.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле Ф.В.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Истиот ден околу 17.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.Г. од скопско Волково и Х.Б.(20) од Тетово, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена марихуана.

Околу 01.00 часот во тетовското село Синичане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.А.(24), Ј.А.(18) и Л.Е.(32) од гостиварска Горна Бањица. При нивен и преглед на возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.