![ruski avion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/ruski-avion.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Египетските власти уапсија двајца службеници на аеродромот во Шарм ел Шеик во врска со уривањето на рускиот патнички авион на 31-ви октомври, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот, соопштија двајца официјални извори од областа на безбедноста, пренесува МИА.
– Седумнаесет лица се наоѓаат во притвор, а двајца од нив се осомничени дека им помагале на оние кои ја поставиле бомбата во авионот на аеродромот во Шарм ел Шеик, изјави еден од изворите.
Групата Исламска држава презеде одговорност за уривање на рускиот авион веднаш по несреќата.