Уапсени 237 демонстранти во Ереван

Уапсени 237 демонстранти во Ереван

Полицијата во Ереван уапси 237 лица во синоќешниот протест против зголемувањето на цените на струјата за 17-22 проценти.

Осумнаесет лица се повредени за време на протестите. Седуммина побарале помош во медицинските служби, тројца од нив се хоспитализирани. Настрадале 11 полицајци.

Полицијата го растури протестот рано утрово со водени топови.

Одлуката за зголемување на цените на струјата е донесена на барање на електродистрибутивната компанија, која е под капата на руската компанија РАО. Ваквата одлука е аргументирана со падот на вредноста на ерменската драма.