Уапсени дилери од Крива Паланка

Кривична за наркодилери од Битола

По предходно добиени оперативни сознанија дека група од Крива Паланка се занимава со недозволена трговија со дрога, во текот на изминатите два дена од страна на кумановската полиција се организирани акции при што е приведена група од Крива Паланка.

На 31 март, околу 18.25 часот, на магистралниот пат Крива Паланка- Куманово, поточно на влез на Крива Паланка извршен е преглед на лицето И.Т. (21) од Крива Паланка при што му се пронајдени 25 паковки со вкупна тежина од 27,94 грама наркотична дрога „марихуана“. По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на ПС од ОН Крива Паланка поднесена е кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ против И.Т. и Д.Ј.(36), двајцата од Крива Паланка, по што истите се спроведени во ОЈО Куманово, соопштуваат од полицијата.

По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија на И.Т. му е одредена мерка притвор во таење од 30 дена, додека на Д.Ј. му е одземена патната исправа со обврска да се јавува секоја недела во ОС Куманово.

Исто така, вчера, околу 17,40 часот, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, полицијата сопрела автомобил „опел вектра“ со регистерски броеви од Скопје, управувано од С.Н (23) од Крива Паланка. Како сопатници во возилото се превезувале и З.В.(36), К.Н.(21) и Г.Д.(20), сите од Крива Паланка. При извршен преглед на возилото и лицата пронајдени се две паковки со околу 4 грама наркотична дрога „хероин“, по што лицата се приведени во СВР Куманово, информираат од полицијата.

Во тек е изготвување на кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по што З.В. и С.Н ќе бидат спроведени во ОЈО Куманово