Уапсени двајца кумановци, при претрес им бил пронајден кокаин

На 22.02.2024 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Н.(31) и Н.А.(36), двајцата од Куманово.

При преглед кај нив бил пронајден кокаин, а подоцна при претрес во домот на Н.А.(36), извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, шест дигитални ваги и повеќе куршуми.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.