Уапсени двајца полицајци и соработник на криминална група

Двајца припадници на Министерството за внатрешни работи и еден соработник на криминалната група, беа уапсени во синоќешната полициска акција, дознава Нетпресс.

Според неофицијални информации, овие лица биле „фатени“ на „Скај“ комуникација, која се смета за клучна во откривањето на криминалната група Грчец, предводена од Шеваљ Муареми, кој сè уште е во бегство.

Како што велат нашите извори, овие лица се приведени поради кривичните дела злосторничко здружување, оддавање на службена тајна, попречување на правдата, како и за против правно стекнување и прикривање имот.

Од Министерството за внатрешни работи подготвуваат официјалното соопштение и ќе биде објавено наскоро при што ќе бидат познати сите детали за оваа акција.