Уапсени две лица барани за издржување на затворска казна

Полицијата постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Мирослав С.(47) од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од осум месеци за сторено кривично дело „измама“. Лицето е спроведен во КПУ„Идризово“.

Полицијата исто тка го лиши од слобода и Сашо С.(41) од Скопје, кој се барал за издржување петгодишна затворска казна за сторено кривично дело „даночно затајување“. Сашо С. е спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка.