Во петокот во 14.25 часот во село Чајле, гостиварско од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар биле лишени од слобода И.Д. на 50 од село Равен и А.А. на 49 години од село Ростуше затоа што кај А.А. била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.