![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/droga.jpg?resize=696%2C438&ssl=1)
На 14.08.2024 околу 20.00 часот на улицата „15 Корпус“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Д.С.(33) и Т.Б.(46), двајцата од Охрид.
Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис.
Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.