Уапсени две лица за шверц на марихуана од Албанија во Македонија

Албанската полиција по претходни добиени сознанија во организирана операција спречи обид за шверц на марихуана во Македонија.

Имено, лицата А.Б ()47 и И.Б (22) преку зелен граничен премин околу 21.30 часот со натоварено животно на кое имало околу 55 килограми марихуана се обиделе на црно да ја преминат границата, со што наркотиците би завршиле во Македонија, пренесуваат албанските медиуми.

Од направената истрага е дојдено до информации дека овие лица во соработка со други лица организирано шверцувале марихуана преку зелените гранични премини кон Македонија.

Двете лица се уапсени.