МВР објави дека се уапсени три лица кои на различни локации неовластено преземале електрична енергија.
Полицијата ги приведе Р.Д.(20) и Х.В.(35), двајцата од Кавадарци, како и Ж.З.(56) од Гостивар.
Тие се сомничат дека сториле кривично дело „нелегално поврзување во електрична мрежа и кражба на електрична енергија“.
– Тројцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.