Во понеделникот од страна на полициски службеници од полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишени од слобода се две лица од Битола, кои претходно извршиле кражба.
Имено, 32-годишниот E. Б. и 24-годишниот А. Џ., и двајцата од Битола , одзеле 6 метални ролни и 8 метални запци од корпа од работна машина багер, како и други предмети во сопственост на РЕК Битола.
Тие се лишени од слобода, а Е. Б. е спроведен во КПУ Затвор Битола, затоа што бил баран со наредба од Основен суд Битола за издржување на казна затвор во траење од 5 месеци за извршени кражби на подрачјето на Битола.